August 12, 2020 23:13
Спорт

Озил ќе остане во Арсенал до идното лето

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил нема намера да го напушти клубот сè додека неговиот договор не истече следното лето, изјави неговиот менаџер. Откако сезоната во Премиер лигата продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирус, Озил нема одиграно ниту еден натпревар.

Се шпекулираше дека поранешниот репрезентативец на германската репрезентација поради тоа ќе бара нов клуб, но неговиот менаџер Еркут Согут изјави дека Озил ќе остане додека не му истече договорот, пред да се пресели во Турција, Азија или САД.

– Мислам дека нема да има промени во случајот со Месут Озил до летото 2021 година. Тој има договор. Нема промена. Тој ќе остане во Арсенал, а 90 проценти ќе го напушти клубот во 2021 година. Месут во Азија, Америка или Турција? Да, можеби, изјави Согут за „Ивнинг стандард”.

Озил премина од Реал Мадрид во Арсенал во 2013 година, а досега има одиграно 254 натпревари за лондонскиот клуб и постигна 44 голови.

Тој освои три трофеи на ФА Купот и „Комјунити Шилд” со клубот.

За време на неговата кариера, тој играше и за Реал, Шалке и Вердер, како и за германската репрезентација. Тој одигра 92 натпревари за Германија, постигна 23 голови и го освои Светскиот куп во 2014 година, а три години порано, третото место на СП.