January 21, 2022 22:06
Балкан

Од 3 јануари во Косово ќе се влегува само со доказ за целосна вакцинација

Секој што ќе сака да влезе на територијата на Косово од 3 јануари ќе треба да има доказ дека примил две дози од вакцината. Тоа го предвидуваат новите мерки против корона вирусот, кои во вторникот ги усвои косовската влада, јавуваат приштинските медиуми. До 3 јануари лица кои имаат доказ дека примиле две дози вакцина или имаат најмалку една доза вакцина и негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа, или една доза вакцина и доказ дека имале коронавирус , ќе може да влезе во Косово.
Новите мерки предвидуваат и сите лица кои користат јавен превоз да имаат потврда за целосна вакцинација против коронавирус. Јавен превоз можат да користат и патници кои ја примиле само првата доза од вакцината, но под услов да имаат и негативен ПЦР тест.

„Дури и оние кои имаат докази дека имале коронавирус мора да се вакцинираат со најмалку една доза за да патуваат со градски автобус“, соопшти косовската влада.

Со такси можат да патуваат само двајца патници.

Една од главните мерки што останува на сила е ограничувањето на сообраќајот од полноќ до 5.00 часот, додека угостителските објекти ќе работат до 23 часот. Предвидено е и музиката во кафеаните да биде исклучена во 21.30 часот.

Мерките се воведени, како што беше најавено минатата недела, поради опасност од појава, односно ширење на нов сој омикрон корона.

stream anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime websites Fairy Tail (Dub)

watch subbed anime SK8 the Infinity (Dub)

AnimeHeaven My Hero Academia (Dub)

The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

animeheaven es High School DxD