June 24, 2021 19:48
Економија Македонија

Од 1 јули без роамингот за Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома. Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавенo за 1 јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Денеска и министерот за надворешни работи Бујар Османи потсети на ова на својот фејсбук профил.

Watch anime online for free at ANIMEFLIX animeflix one punch man. Watch Reinbou Episode Full

Watch anime online for free at KissAnime kissanime softonic. Watch Pokemon: The Mastermind of Mirage Pokemon (Dub) Episode Full

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Maji de Otaku na English! Ribbon-chan: Eigo de Tatakau Mahou Shoujo Episode 12

KissAnime Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx