August 21, 2019 12:24
Скопје

Од утре плаќање на долговите за вода и смет без камата

Oд понеделник 13 мај, граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата. ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвиден рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Нови вести

Објавен јавен повик за учество на 15-та „Бела ноќ”

Daniela

Без струја делови на Карпош, Кисела Вода и Центар

Daniela

Богдановиќ: Во соработка со Град Скопје и ЈП „Улици и Патишта“, од денеска, го реконструираме паркингот кај „Трготекстил“

Filip