August 2, 2021 21:17
Македонија

Од утре бесплатно „ало“ и интернет во роаминг

Oд утре се укинуваат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан. Роамингот се укинува помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Освен рразговори граѓаните од МАкедонија кои патуваат во овие држави нема да плаќаат и за пораки, а ќе имаат можност и да сурфаат на 3г но во согласност со правилникот на „фер користење“.

24 инфо ги контактираше мобилните оператори за да дадат детели како ќе се одвива зборувањето во странство од утре, но сите упатуваат на Агенцијата за електронски комуникации. Од таму ни рекоа дека се е регулирано во Правилникот за политики за фер користење.

-Роаминг како дома (rlah) започнува да се применува од 01/07/2021 согласно спогодбата која е потпишана од државите од западен балкан (зб) во 2019. Од 2019 до сега имаше скалесто намалување на цените на сите услуги во роаминг во останатите држави од зб. Со овој режим на наплата се опфатени сите услуги: говор, смс и интернет. При користењето на услугите во роаминг во државите на Западен Балкан ќе се има предвид и политиката на фер користење. Накратко, тоа би значело дека разговорите и користењето на интернетот би биле бесплатни согласно правилникот за фер користење . Во овој правилник се наведени начините согласно кои корисниците ќе ги добиваат услугите во роаминг во зб бесплатно. Овој правилник е донесен согласно регулативата на ЕУ- велат во АЕК.

Според правилникот без оглед на било кое ограничување на обемот на потрошен сообраќај на домашниот пазар, во случај на пакет со отворени податочни услуги, корисникот на роаминг услугите, кога повремено патува во друга земја од Западен Балкан, треба да има можност да потроши обем на сообраќај на регулирани податочни роаминг услуги што се обезбедува по домашна малопродажна цена еквивалентно на најмалку двапати поголем обем од оној што се добива со делење на севкупната домашна малопродажна цена за тој отворен податочен пакет, без ДДВ, која одговара на целиот пресметковен период, со максималниот големопродажен надоместок на регулирани услуги за пренос наподатоци во роаминг- стои во Правилникот. Во случај на пакетирана продажба на мобилни малопродажни услуги со други услуги или терминална опрема, за потребите на Член 2 став (е) и овој став, севкупната домашна малопродажна цена на податочниот пакет се утврдува така што се зема во предвид цената што важи за поединечната продажба на компонентите за мобилните малопродажни услуги од пакетот, без ДДВ, доколку постојат, или цената на продажбата на таквите услуги со исти карактеристики на самостојна основа.

Во специфични и исклучителни околности, во насока на обезбедување на одржливост на домашниот малопродажен модел на наплата, доколку операторот кој што ги обезбедува регулираните малопродажни услуги во роаминг по домашна малопродажна цена не може да ги поврати вкупните реални и проектирани трошоци од обезбедување на регулираните роаминг услуги од вкупните реални и проектирани приходи од обезбедувањето на овие услуги, тогаш операторот може да побара од Агенцијата одобрување за наметнување на дополнителен надоместок на регулираните малопродажни услуги во роаминг. Дополнителниот надоместок треба да се применува само до онoј степен кој е неопходен за да се повратат трошоците од обезбедувањето на регулираните малопродажни услуги во роаминг, земајќи ги во предвид применливите максимални големопродажни надоместоци

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавенo за 1 јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Валентина Ангеловска

 

Поврзани вести

Нови 54 случаи на Ковид-19, едно лице починато

zane

Македонија „под вршник“ температурата стаса и до 50 целзиусови степени !

Dragan Nikolovski

Заев: Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина, тој не е завршен и нема да заврши

Dragan Nikolovski

Website https://animeheaven.pro: Watch Giant Killing animeheaven Episode 26 watch anime

Website https://gogoanime.be: Watch Fox Spirit Matchmaker 6th Season gogoanime Episode 26 tokyo ghoul gogoanime

WCOStream: Micro Teukgongdae Diatron 5 (Dub) anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream attack on titan

Sites google: https://sites.google.com/view/aniwatch-official/home

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animeflixnl

Crokes: https://www.crokes.com/animeflixnl/profile/