February 23, 2019 20:40
Свет

Од труење со нелегален алкохол умреа 79 лица во Индија

Бројот на жртвите во северна Индија се искачи на 79 по консумацијата на нелегално направени алкохолни пијалаци, соопшти денеска индиската полиција.

Официјален полициски претставник во државата Утар Прадеш, изјави дека 49 лица загинале во два одделни инциденти во таа земја, а починале и 30 луѓе кои консумирале токсично пиво во соседната држава Утарханд, објави агенцијата АП.

Аутопсијата покажала дека алкохолот што го консумирале жртвите, содржел метанол – хемикалија која го напаѓа централниот нервен систем.

Портпаролот на владата на Утар Прадеш соопшти дека од 9 февруари уапсени се повеќе од 3.000 луѓе во борбата против нелегално направени алкохолни пијалоци.

Смртноста поради консумацијата на ваквите пијалаци во Индија се зголемува, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат познати брендови, а илегалните пијалаци често содржат хемикалии како пестициди.

Related posts

Таткото на Меган Маркл: На нејзината прва свадба се делеше марихуана

Filip

Уапсени шест ултрадесничари, подготвувале напад врз Макрон

Ivona

Ирански адмирал: На САД никогаш нема да им биде дозволен влез во иранските територијални води

Valentina