October 23, 2021 00:47
Свет

Од природни катастрофи загинале над 17.000 луѓе во светот од почетокот на пандемијата

Природните катастрофи, како резултат на климатските промени, усмртиле повеќе од 17.240 луѓе во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот, покажа најновото истражување.

Во соопштението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) и Центарот за клима на двете организации се наведува дека дополнителни 658,1 милиони луѓе биле изложени на екстремни температури.

– Светот се соочува со хуманитарна криза без преседан, во која климатските промени и Ковид-19 ги ​​туркаат заедниците во крајности, изјави претседателот на ИФРЦ, Франческо Рока на прес-конференција во Њујорк, каде беше презентиран најновиот извештај.

Организациите ги повикуваат светските лидери да преземат итни мерки не само за намалување на емисиите на стакленички гасови, туку и за решавање на постоечките и непосредните хуманитарни влијанија од климатските промени.

Конференцијата на ОН за климатски промени во 2021 година, позната како COP26, ќе се одржи во Глазгов, Шкотска, од 31 октомври до 21 ноември.

– Огромните трошоци за закрепнување од Ковид-19 докажуваат дека владите можат да дејствуваат брзо и драстично пред глобалните закани. Време е зборовите да се претворат во дела и да се посвети истата енергија на климатската криза. Секојдневно сме сведоци на влијанието на климатските промени предизвикани од човекот. Климатската криза е тука и ние треба да дејствуваме сега, нагласи Рока.

AnimeTV: Goku: Midnight Eye anime episode Full online free at https://animetv.cc anime tv all free anime for you

Website https://animedao.nl: Watch Go! Go! 575: Meippai ni, Hajiketeru? animedao Episode Full anime sites

https://animefreak.ws attack on titan animefreak

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Myanimelist: https://myanimelist.net/profile/animeflixnl

Ihubbub: http://www.ihubbub.com/animefreakws