Од почетокот на годината во ОЈО Скопје се примени 11 224 предмети, од кои пријавени кривични дела се 3 183. Најголем дел од кривичните дела се во областа на јавниот сообраќај – 1 056, потоа кривични дела против имот – 838 и 315 против животот и телото, каде влегуваат и семејно насилство, тешки телесни повреди и полов напад.
Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, останатите дела се под уписникот Р.О. – од анонимни пријавувачи или каде нема доволно дејствија на извршување – 2 358, како К.Д.Н. – дневни настани за кои е задолжено МВР да не известува има 3 650 и против непознат сторител има 2 033.
Од ОЈО Скопје велат дека се бележи тенденција на зголемување на бројот на пријави за семејно насилство и тешки телесни повреди, што можеби веќе станува и социолошки феномен.
Годинава, како што информираат, има и 13 кривични пријави за сторени кривични дела за загадување на животната средина.