October 1, 2020 12:59
Македонија

Од понеделник теренско собирање податоци за Регистарот на улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности од понеделник ќе почне со теренско прибирање на податоци по општините за ажурирање на описните податоци што се неопходни за воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Тој во иднина треба да прерасне во Адресен регистар за целата територија на земјава, кој ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви за секое населено место.

Од агенцијата упатуваат апел до граѓаните да им излезат во пресрет на ангажираните екипи кои ги собираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации, како и да им овозможат фотографирање на објектите.

„Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место“, се вели во соопштението на Агенцијата за катастар.

Распоред на екипите ангажирани од Агенцијата за катастар на недвижности:

  1. ЛОЗОВО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  2. ГРАДСКО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  3. НЕГОТИНО – од 20.1.2020 год. до 19.2.2020 год.
  4. КИЧЕВО – од 22.1.2020 год. до 19.3.2020 год.
  5. КУМАНОВО – од 28.1.2020 год. до 13.4.2020 год.
  6. БИТОЛА – од 24.2.2020 год. до 04.5.2020 год.
  7. ЦЕНТАР ЖУПА – од 20.3.2020 год. до 26.3.2020 год.
  8. ДЕБАР – од 26.3.2020 год. до 10.4.2020 год.
  9. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – од 14.4.2020 год. до 28.4.2020 год.
  10. КОЧАНИ – од 28.1.2020 год. до 2.3.2020 год.
  11. ГОСТИВАР – од 10.2.2020 год. до 02.4.2020 год.