October 22, 2021 04:36
Македонија

Од понеделник вакцинација со трета доза за лицата над 60 години и за здравствените работници

Комитетот за имунизација препорача да се воведе и кај нас трета доза вакцинација  за сите лица кои се над 60 години, а кои пред шест месеци ја примиле втората доза. Трета доза се препорачува и за здравствените работници без разлика на нивната возраст кои работат во ковид центрите, но и за пациентите кои се имунокомпромитирани, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој појасни дека третата доза ќе биде со Фајзер вакцината, без разлика со која вакцина претходно била извршена имунизацијата, а граѓаните кои имаат примено две дози на вакцини во странство, третата доза ќе можат да ја примат кај нас во било кој вакцинален пункт.

-Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани со две дози, што значи дека 37 отсто од вкупното население во земјава е имунизирано. По старосни  групи 74 проценти од лицата над 70 години се вакцинирани, 65 % над 60-годишна возраст, 60% над 50 години, 55 % над 50 години и 31% се имунизирани лицата од 18 до 39-годишна возраст. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет, вели Филипче и дополни дека сепак има една одредена бројка од 1.500-2.000 граѓани на ден што се пријавуваат за прва доза на вакцина.

Тој повтори дека пристигнаа 100.000 вакцини „Фајзер“, а има уште и 50.000 од „Синовак“. Министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 дози од производителот „Џонсон и Џонсон“.

Според министерот, се зголемува и бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники, како резултат на тоа што изминативе  денови бројката на новодијагностицирани се движи околу 500 заразени.

Во однос на големиот број на смртни случаи од ковид-19 , Филипче најави детален скрининг на здравствена состојба на населението. Според нашата сегашна анализа, 73 проценти од пациентите кои починале од ковид-19 имале најмалку две хронични болести.

-Скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи. Тоа е една многу важна анализа која треба да ја направат повеќе земји. Разговаравме со неколку меѓународни институции меѓу кои и УНИЦЕФ во делот на здравствената нега блиску до домовите, додаде Филипче.

Министерот најави дека следните денови детално ќе ја презентираат методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта.

-Факт е дека има тука одредена трансмисија многу мала, меѓутоа сакаме да направиме скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители, додаде Филипче.

Тој напомена дека станува збор за правење брзи антигенски тестови за Ковид-19. Детали за овој пристап, како што рече, ќе кажат следниве денови бидејќи, според министерот, ова бара одредена подготовка, во однос на согласност од родителите.

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

AnimeHeaven: Ghost in the Shell: Stand Alone Complex 2nd GIG - Individual Eleven (Dub) anime episode Full online free at https://animeheaven.pro anime heaven org

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Otome wa Boku ni Koishiteru: Futari no Elder The Animation (https://animeflv.uk/m/vjKY) Episode 3

Torgi gov: https://www.torgi.gov.ru/forum/user/profile/1489872.page

Diigo: https://www.diigo.com/profile/gogoanimelol