October 30, 2020 09:03
Uncategorized Македонија

Од отворањето на градинките пријавени два случаја на вработени позитивни на КОВИД-19

Од почетокот на отворањето на градинките во земјава пријавени се два случаја на вработени позитивни на КОВИД-19. Во едниот се работи за вработена во градинката  Мајски Цвет – Битола  – објект „Коца Василевска”, а во другиот за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин” во Скопје.

-Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска” при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од стана на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, појаснуваат оотаму, за сите пет деца кои беа во групата на вработената позитивна на Ковид-19, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември.

Во однос на оваа градинка, потенцираат од Министерството, се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

-Вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин”, која од 9 септември не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа, прием на деца и згрижување. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник, велат од МТСП.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, по престанување на траење на вонредна состојба, просториите во установата се дезинфицираат секојдневно по повеќе пати. Од градинката информираат дека до денес немаат пријавено друг вработен од истиот објект со симптоми на вирусот Ковид 19.