October 14, 2019 01:28
Македонија

„Од нас за нас”: За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција, вклучувајќи ја и вакцинацијата и секој родител да ги добие информациите пред секое вакцинирање и да одлучи согласно со своите убедувања – тоа се заклучоци од дводневната конференција „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме” која се одржа во Скопје.

Организаторот на конференцијата, здружението „Од нас за нас”, соопшти дека било заклучено и да се формира национална лабораторија за контрола на квалитетот на вакцините,  да се спроведува вистинска статистика на нус-појавите кај одредени лица при вакцинација и да се формира фонд за обесштетување на лицата кај кои вакцините предизвикале негативни последици.

На настанот имаше 150 гости и експерти и лекари од земјава,  Словенија, Хрватска и Србија,  кои на оваа тема дискутираа  од правен и од здравствен аспект.

– На конференцијата не дојдоа претставници од министерствата за здравство и за образование, како и од Институтот за јавно здравје, за да разјаснат врз основа на кои аргументи ги дискриминираат првачињата и претшколските деца и ги исфрлуваат од училиштата и градинките, соопшти Здружението „Од нас за нас”.

Нови вести

Макрон вечераше со Меркел, Сирија главна тема на разговор

Igor

Јанева утре заминува од болница, се враќа во притвор

Filip

Никаков датум за преговори да не им се дава на Северна Македонија и Албанија, смета Франција

Filip