October 6, 2022 12:12
Македонија

Од месецов пензиите поголеми за над 1.000 денари

Согласно новата методологија за усогласување на пензиите, од овој месец пензиите се зголемуваат за 6.8 отсто, објавија Владата и надлежното министерство за труд и социјална политика.

Тоа, во апсолутна цифра значи зголемување на просечната пензија за над 1.000 денари.

Просечната пензија оваа година изнесува 16.348 денари, а со новото зголемување таа ќе изнесува 17.422 денари, односно 1.042 денари повеќе.

Етапната исплата на септемврската пензија е предвидена да започне на 29 септември.

Новата методологија беше договорена во март оваа година и таа предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната и 50% пораст на трошоците на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето на пензиите ќе се случува на секои шест месеци, односно секој март и секој септември во годината.

Поврзани вести

Поранешен полицаец го изврши масакрот во градинката во Тајланд, меѓу 34 убиени се и неговата сопруга и децата

Valentina

Владата објави црна листа на15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС и ИД во Ирак и Сирија

Igor

Дизелот поскапува

Igor