November 30, 2020 11:08
Македонија

Од Ковид-19 починаа пациенти на 36 и 44-годишна возраст – Короната продолжува да одзема млади животи

Според официјалните податоци на Министерството за здравство, починал и 36 годишен скопјанец.

Покрај него починале уште тројца скопјани и тоа на возрат од 53, 65 и 60 години.

Втор млад живот ковид 19 одзеде и во Македонска Каменица, каде од компликации на опасниот вирус почина 44 годишно лице.

Починал 72 гоидшен радовишанец и 71 годишен струмичанец, како и едно лице на возраст од 75 години од Пробиштип.