November 30, 2020 12:00
Македонија

Од Ковид почина 27-годишно момче без никакви коморбидитети

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, починало 27 годишно момче од Куманово без никакви коморбидитети, откако претходно било донесено во исклучително тешка состојба и сатурација на крвта од 50 проценти, потврдиле за МКД.МК од Министерството за здравство.

Момчето имало покачена телесна тежина, но никакви претходни заболувања.

Пред да дојде на Инфективната клиника, пациентот бил лекуван дома, со следење од матичниот лекар, а и неколку дена го лекувале амбулантски во кумановската болница.

Вчера згасна уште еден млад живот на Инфективната клиника во Скопје. 35 годишен пациент кој се лекувал од ковид, починал откако една недела имал главоболка, омалаксаност и покачена температура.