September 18, 2020 13:15
Македонија

Од идната среда на работа се враќаат хронично болните и лицата кои користеа продолжено породилно, потсетува Владата 

Од идната среда, 23 септември, на работа се враќаат лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа, потетсува Владата. Според одлуката на вчерашната седница, можноста за користење продолжено породилно отсуство престанува да важи. -Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење редовно породилно отсуство, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство, објаснува Владата.

Од среда, 23 септември, на работа се враќаат и хронично болните. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза навлошување и оние со малигна болест за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Врз основа на таа потврда овие лица ќе користат боледување.