April 20, 2021 19:08
Балкан

Од загадувањето во Србија годишно умираат до 12 илјади луѓе

Активистот на иницијативата „Да не го давиме Белград”, Радомир Лазовиќ, изјави денеска дека годишно умираат од 7.000 до 12.000 лица од загадување на воздухот во Србија и ги праша претставниците на градските власти што се прави за решавање на овој проблем.

На прес-конференција пред Собранието на Белград, Лазовиќ рече дека градовите во Србија се изложени на голема количина на загадување на воздухот помеѓу 100 и 150 дена во годината и оцени дека тоа се застрашувачки податоци, пренесува Бета.

– Се поставува прашањето за одговорноста. „Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) владеат со секторот за заштита на животната средина веќе 12 години и за тоа време тие не презедоа ништо за да ја променат оваа состојб”, рече тој.