January 28, 2022 06:46
Свет

Од денеска во Англија задолжително носење маски

Нови правила за задолжително носење маски и други мерки за ограничување на ширењето на новиот сој на коронавирус „омикрон“ стапија на сила од денеска во Англија.

Од утрово маските за лице се задолжителни во транспортот, во продавниците, банките и фризерските салони.

Сите меѓународни патници мора да направат ПЦР тест до крајот на вториот ден по пристигнувањето и да се изолираат додека не добијат резултати, а има и ограничувања за пристигнување од десет јужноафрикански земји, бидејќи патниците од тие земји мора да одат во хотелски карантин.

Британија досега има пријавено 11 случаи на „омикрон“, и додека владата тврди дека овој број ќе расте, во исто време вели дека е важно да се забави неговото ширење додека не се дознае повеќе за преносливоста на овој вид и влијанието на вакцините врз него.

„Мерките што стапуваат на сила денес ќе ни купат време кога вистински ќе се соочиме со овој нов сој на коронавирус“, рече Џонсон во изјавата.

„Денешните чекори не само што ќе ни помогнат да го забавиме ширењето на вирусот, туку ќе ни помогнат и да се заштитиме меѓусебно а да ги заштитиме и резултатите на кои сите работевме толку напорно“, додаде тој.

Изјави дека мерките ќе се ревидираат по три недели, но потенцира дека земјата годинава е во подобра ситуација од лани поради кампањата за вакцинација.

Британските советници за вакцини вчера ја одобрија бустер програмата за сите возрасни, а министерот за здравство Саид Џавид рече дека оваа недела ќе има повеќе детали за тоа како истата ќе се спроведува.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatcher app The Rising of the Shield Hero (Dub)

Naruto: Shippuden (Dub)

AniWatch Redo of Healer

anime streaming AniWatch Attack on Titan Final Season

anime to watch To Your Eternity