October 22, 2020 07:55
Хроника

Од Германија екстрадиран убиецот на Саздо

Јетон Љужа (21) од Скопје, осомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо, кој бее уапсен во ноември лани во Германија е екстрадиран во земјава.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија. Во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек, велат од МВР.

Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 години затвор за убиството на  Саздовски во јуни 2018 година на автобуската станица во Автокоманда. Според судијката Даниела Алексовска-Стојановска, виновни се затоа што заеднички и на свиреп начин го убиле Никола Саздовски.

За убиството е обвинет и Љужа и него ќе му се суди во одвоена постапка.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Љужа  на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поврзани вести

Рекордни 641 новозаразени со коронавирус, починаа 12 лица

Igor

Владата ја разреши Лидија Димова

Igor

Д-р Бошкоски: Во Италија неколку големи хотели станаа болници за ковид пациeнти

Valentina