February 25, 2020 10:49
Спорт

Одриозола од Реал Мадрид се пресели во Баерн Минхен

Десниот бек на мадриски Реал, Алваро Одриозола до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во Баерн. До потпис со германскиот гигант го делат само лекарските прегледи, но непознати се деталите околу цената што Баварците би ја платиле во случај да сакаат да го откупат неговиот договор.

Баерн тргна во акција по Одриозола во текот на вчерашниот ден и експресно ја заврши работата. Од првичниот контакт со играчот и со неговиот менаџер, Баварците добија зелено светло. За новонастанатата ситуација, Одриозола го извести и Зидан кој јасно му стави до знаење дека не смета на него во перспектива, па двата клуба лесно најдоа заеднички јазик.

За позицијата на Кимих, кој доби прекоманда во средниот ред, се споменуваа неколку опции – Лукас Клостерман од Лајпциг, Жоао Кансело од Манчесер сити, Том Мение од ПСЖ, Додо од Шахтјор Доњецк, Нелсон Семедо од Барселона и Ашраф Хакими.

Но, изборот падна на Одриозола од причина што Кансело и Семедо беа прескапи за Баерн, стручниот штаб не беше за Клостерман и Мение, Додо е млад и неискусен додека Хакими беше комплицирана операција бидејќи е веќе на позајмица во Борусија Дортмунд од Реал Мадрид.