August 15, 2022 18:44
Македонија

Одржана тркалезна маса на тема „Спортското новинарство – опомена пред исклучување”

„Спортското новинарство доживува континуиран пад“ – со овие зборови координаторот на спортската секција на новинари при ЗНМ и модератор на настанот, Перо Момировски ја започна тркалезната маса на која се дискутираше за состојбата на спортското новинарство во земјава.

Свое обраќање имаа Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, професорите Јасна Бачовска – Недиќ и Иван Анастасовски, Милорад Стојмановски, долгогодишен уредник  на спортска редакција во повеќе македонски медиуми, новинарот Владко Арсов со присутните ја сподели анализата и заклучоците од анкетата која ЗНМ ја спроведе во текот на месец мај и јуни.

Секуловски го изрази задоволството од одржување на настанот кој ќе придонесе кон утврдување на целите, предизвиците со кои се соочуваат спортските новинари во земјава:

„ЗНМ како кредибилна и најстара новинарска организација во земјата во својот четири годишен стратешки план за развој има за цел да ги поддржува своите секции на новинари во насока на постигнување на она што им е потребно. Поддршката пред се е во форма на организирање на заеднички настани како што впрочем е и овој на кој се разговара за проблеми и решенија но и за претставување на интересите на секциите пред домашните и меѓународните организации и институции. Моментално во рамки на ЗНМ функционираат три секции а тоа се секцијата на сниматели и фоторепортери, секцијата на млади новинари и секцијата на спортски новинари а остануваме отворени и за формирање на останати тематски секции на барање на членовите на ЗНМ“.

Гостин на тркалезната маса беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски која ја поздрави иницијативата, истакнувајќи го фактот дека денес недостигаат специјализирани програми во медиумите, посебно програми од областа на спортот.

Професорката Јасна Бачовска- Недиќ зборуваше за состојбата со интересот на идните студенти за студиите по новинарство, односно намалувањето на истиот, спомнувајќи за глобалниот тренд на опаѓање на ова поле. Ја нагласи отвореноста на катедрата на студиите по новинарство на правниот факултет за соработка со спортските новинари со цел подобрување на моменталната состојба на ова поле.

Професорот Иван Анастасовски се согласи дека за оваа проблематика потребно е јавно да се дискутира, бидејќи спортското новинарство влегува во социјална категорија токму заради условите на работа со кои се соочуваат спортските новинари, односно потребно е оваа гранка на новинарството да се позиционира како посебна професија.

Новинарот Милорад Стојмановски ги потсети присутните учесници и гости каква била состојбата на спортстките новинари порано, а каква е сега, односно дека се соочуваме со опстанок на специјализираните новинари.

Во работниот дел се разви дискусија од колегите спортски новинари кои со своите ставови, мислења ја истакнаа уште повеќе моменталната состојба во спортското новинарство и условите на работа.

Координаторот на спортската секција при ЗНМ, Перо Момировски го затвори настанот со следните зборови:

„Ова е прва тркалезна маса на тема спортско новинарство, насловена како што е  – Спортското новинарство – опомена пред исклучување – со надеж дека на следната средба ќе имаме посветол наслов. Оваа средба е своевидна иницијатива  луѓето околу нас да согледаат до каде сме стасани.  До надлежните институции упатуваме серија на заклучоци од оваа тркалезна маса, главната содржина е дека треба да ни се помогне затоа што ние сме тие чии интереси се бранат, колку тоа има широко значење и второ ќе се обидеме да дојдеме до некаков фонд бенефиција, финансиска поддршка за да можеме во иднина најчесно да помагаме на индивидуите или на специјализираните медиуми, но тоа е нешто што би се реализирало ако има слух од другата страна. “

tải sunwin

sunwin apk game bài sunwin sunwin web

sunwin

sunwin web sunwin sunwin tài xỉu

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin web