August 12, 2022 02:32
Македонија

Одржана стручна расправа за нацрт-генерален урбанистички план на Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка денеска се одржа стручна расправа за нацрт-план за генерален урбанистички план ( ГУП ) на град Крива Паланка за периодот од 2019 до 2029 година.

Нацрт-планот е со вкупен опфат на површина од 659.061 хектари вклучувајќи ги следниве кастарски општини: цела КО Крива Паланка и делови од Конопница, Мартиница, Кошари,  Варовиште, Дрење, Лозаново и Градец.

На стручната расправа присуствуваше градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски со преставници од стручните служби од општината, како и заинтересирани граѓани, преставници од јавните институции, правни лица, здруженија на граѓани, советници и други.

-Нацрт-планот го изработи Агенцијата за планирање на просторот, а го финасира Владата на РС Македонија. За денешната стручна расправа беше формирана тричлена комисија, претседател Маја Костадиновска, раководител на Сектор за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфрастуктура од Општина Крива Паланка, Маја Лукаревска, преставник од изведувачот на планот и Драгана Стерјова, член на Комисијата за урбанизам во општина Крива Паланка, како и Иван Велиновски-стручно лице, архитект, вработен во општината во областа на урбанистичкото планирање, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

 

Граѓаните имаат можност во рок од пет работни дена да достават свои предлози и забелешки по нацрт ГУП-oт, на информацискиот систем е-урбанизам, на општинската веб-страница, во просториите на општината и во јавните гласила.