December 10, 2022 05:36
Македонија

Одржана богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17 се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

Вечерната молитва беше проследена со литија околу централното градско подрачје.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Овој празник се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.