August 14, 2022 19:42
Балкан Економија

Одмрзнати цените на бензините во Словенија

По долг период на замрзнати цени, поскапуваат горивата во Словенија, јавуваат тамошните медиуми.

На бензинските пумпи бензинот од 95 октани ќе се продава по цена од 1,775 евра за литар, додека дизел горивото – 1,848 евра за литар.

Ова претставува значително зголемување во однос на сегашните замрзнати цени. Новите цени ќе важат во наредните 14 дена.

Неодамна премиерот Роберт Голоб рече дека цената на горивата би можела да се зголеми и до 20 отсто.