February 25, 2021 17:08
Uncategorized Македонија

Одлука на Советот за етика во медиумите на Македонија

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата
одржана на 24 декември 2020 година, врз основа на примена жалбa од Истражувачка
репортерска лабораторија (ИРЛ), ја донесе следната:
О Д Л У К А

Интернет – порталот „24 Инфо“, со текстот насловен „Внимание, ВМРО-ДПМНЕ истура
лажни вести врз академската заедница!“, го прекрши Кодексот на новинарите во
членовите 1 и 14.

Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што
се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема
да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата
не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа
треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку
што е тоа можно“.
Член 14: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде
непристрасно и избалансирано“.

Комисијата, најнапред, заклучи дека во оспорениот текст се пренесува соопштение за јавност
на партијата СДСМ, од страна на порталот „24 Инфо“, кое е реакција на претходно објавено
соопштение на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Иако Комисијата се согласи дека медиумот
соопштението го пренел интегрално и без интервенции во содржината, сепак, Комисијата
констатира дека спорен е насловот на текстот. Имено, од самиот наслов, во кој воопшто не е
нагласено кој стои зад соопштението (во случајов, партијата СДСМ), се добива впечаток дека
тоа е факт или резултат на некакво истражување на самиот медиум:
„Внимание, ВМРО-ДПМНЕ истура лажни вести врз академската заедница!“
Комисијата цени дека вака поставениот наслов, без притоа експлицитно да се наведе изворот
на цитатот, создава забуна кај читателите и отвора реална можност од манипулација и
доведување на јавноста во заблуда. Имено, читателот, во случајов, би морал целосно и
внимателно да го чита текстот за да заклучи дека се работи за партиски став, а не за факт
или сознание на медиумот, како што се подразбира од самиот наслов. Треба јасно да се
разграничи што е партиски став, а што е факт.

24 Инфо.мк ја отфрли жалбата како неоснована, зашто станува збор за текст во кој изворно е пренесено соопштение на партијата СДСМ, без  притоа воопшто да интервенираат во содржината и не гледаме причина поради која подносителот на жалбата реагира на објавување партиско
соопштение.

Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 236 (https://animefreak.ws/m/M88/ep-236) at website https://animefreak.ws anime freaks anime

Watch KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! Episode 7 (https://animeplanet.cc/m/pZy/ep-7) at website https://animeplanet.cc anime planet me