April 2, 2020 20:43
Магазин

Одложен вечерашниот концерт на МОЗАИК фестивалот

– Организаторот на МОЗАИК фестивалот заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена, поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.

Организаторите на својата фејсбук страница објавија дека ќе ги следат сите превентивни препораки, според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. 

– Сите купени влезници ќе важат за новиот датум. Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на „www.mktickets.mk” со приложување соодветен документ за потврда, наведуваат организаторите на фејсбук