October 21, 2020 07:54
Македонија

Одложено судењето за „Меѓународен сојуз”, Боки се уште во болница

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз” што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз”, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје на 12 мај го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”, по што беше гормиран и предмет за случајот.