January 18, 2021 18:46
Магазин

Одбил операција! Легендарниот Тозовац повеќе не ќе може да пее во живо

Неговиот живот е музиката…

Предраг Живковиќ Тозовац во мај минатата година ја оперирал кариотидата, а набрзо после операцијата изјавил дека е добар и дека ќе може повторно да пее.

Тозовац сега за жал раскажал дека сепак не ќе може да го слушаат во живо да пее, бидејќи останал без раскошниот глас.

“За жал лекарите за време на операција ми ги упропастиле гласните жици. Во почетокот имав проблеми со говорот, но за среќа ми се врати. Сега зборувам нормално, но неможам да пеам. Сега можам само да потпевнувам“, рекол пејачот и додава дека одбил да оди на операција на гласните жици.

“Ми предложија интервенција на гласните жици, но бев скептичен. Се надевам дека со тек на време сами ќе се опорават. Да сум помлад неколку децении вероватно би пател што неможам да пеам, бидејќи музиката е мојот живот, раскажал Тозовац.

Човекот кој отпеал многу песни, истакнува дека би сакал повторно да земе микрофон, но додава дека после операција продолжил да живее како да му се 20 години – излегува по кафани и полн е со енергија.

“Се надевам дека гласот ќе ми се врати. Кога би ја немал таа надеж би умрел“, рекол Предраг Живковиќ Тозовац.

Преземено од Вечер

The Promised Neverland Season 2 (https://animeplanet.cc/m/nWQ9) Episode 2 at website https://animeplanet.cc one punch man anime planet

Watch The Rising of the Shield Hero Episode 24 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium account reddit