December 10, 2022 06:53
Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден за универзален пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска со конференција ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за универзален пристап до информации.

На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од спроведената анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите.

Според агендата, на конференцијата меѓу останатите, ќе се обратат заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Данче Даниловска-Бајдевска, авторка на „Анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите” .

Овој настан е организиран во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација”, финансиран од Европската Комисија, а имплементиран од страна на конзорциум предводен од PwC.