June 25, 2022 22:46
Македонија

Одбележување на Денот на Логистичката база на АРСМ

Во касарната „Илинден” во Скопје денеска Логистичката база на Армијата на Република Северна Македонија (ЛБ) со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.

Како што информираат од Армијата на Република Северна Македонија, на воената свеченост, која е во рамки на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, ќе присуствуваат заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на командите и единиците, генерали во Армијата, поранешни команданти на единицата и други гости.

Пред припадниците на командата ќе се обратат заменик  началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на Логистичката база, полковник Мухарем Мухареми.

Согласно програмата ќе бидат доделени стимулативни мерки и награди на припадници од командата и единиците во состав на Логистичката база.

Логистичката база како свој празник го одбележува 20 мај, денот кога почнало Разловечкото востание во 1876 година.

Воената свеченост, како една од организираните активности по повод 30 години од формирањето на Армијата е посветена и на успешното извршување на логистичките задачи и обезбедување на потребните ресурси на почетокот кога за краток рок се овозможи функционирање на Армијата.