October 1, 2020 21:43
Хроника

Ограбена екпозитура на НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Експозитурата на „НЛБ Банка“ во скопската населба Ѓорче Петров утрово била ограбена, потврдија од  менаџментот на банката.

-Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба. Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, наведуваат од НЛБ Банка.

Ова е прв грабеж на банка годинава во Скопје. Лани беа ограбени екпозитури на Халк Банк во Визбегово, како и на НЛБ Банка во Чаир, но полицијата не ги откри разбојниците.