December 2, 2022 10:29
Македонија

„Огнената“ група од Скопје почна да ги мати сметките на раководството во Речица

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска назначи осум нови директори на Јавни претпријатија под надлежност на Градот.

Интересно е што двајца од осумте директори се членови на ДУИ, активни во скопските ограноци Чаир и Сарај.

Саид Саиди е нов директор на ЈП Улици и патишта и доаѓа од огранокот во Чаир, додека Зухерјн Реџепи, син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи е активист од општина Сарај.

Според пишувања на одредени медиуми, и двајцата биле дел од таканаречената огнена група во ДУИ која бара промена во партијата.

Во јавноста кружат информации дека со овој потег, Арсовска сака да ги добие петте советници од ДУИ во Советот на Град Скопје, за кои се претпоставува дека исто таа се дел од огнената група.

Кокетирањето на Арсовска со членови и активисти на ДУИ во јавноста отвора сомнеж дека таа е подготвена да направи коалиција со најголемата политичка партија во албанскиот етнички кампус.

Таквиот чекор е логична последица откако таа се испокара со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која застана зад нејзината кандидатура, а од самиот почеток нема соработка со СДСМ.

Но сепак, дури и да ги придобие советниците од ДУИ, на Арсовска ќе и недостасуваат доста советници за да има поддршка во Советот, имајќи предвид дека советничките листи на ВМРО-ДПМЕ и СДСМ имаат 18, односно 12 советници, заедно со своите коалициски партнери.

Најновата постапка на Арсовска е своевидно изненадување на политичката сцена, па останува да се види како тоа ќе влијае врз внатрепартиските односи во ДУИ, но и во владината коалиција и секако односите на советничките групи внатре во Советот на Град Скопје.

Поврзани вести

Хаосот во Скопје прогресира– штрајк и раскинати договори на приватните превозници, тензии во Дрисла, блокирана сметката на „Водовод и канализација“

blink

Нова сензација од Јапонија- ја победи Шпанија и ја елиминираа Германија

Igor

Реформа на даночниот систем- нема нови и зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Igor