December 4, 2022 20:32
Македонија

„Огнената група“ од ДУИ ја шири мрежата, дали се најавува нова пратеничка група?

Таканаречената огнена група на незадоволни функционери од ДУИ го засилува своето дејствување.

Освен што членови на оваа група се експонираат во медиумите, тие го зајакнуваат своето присуство на терен и ја зајакнува соработката со други политички субјекти.

Независниот пратеник Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ, потврдиле за „Слободен печат“, од огнените. Синоќа со фотографија на која се Меџити, Реџепи и Блерим Беџети новата дружба на Фејсбук ја објавија тројцата функционери. Под објавата на фотографијата тројцата напишаа „заедно“.

Реџепи на јавноста и стана познат откако лани ги поремети сметките на опозицијата да го преземе мнозинтвото во Собранието и да ја урне Владата. По ова Реџепи беше исклучен од Беса и промовираше проект во Собранието „Европа 21“со цел обединување на прогресивните политички сили за задржување на европската перспектива на земјава.

Покрај Меџити, во огнената група има уште еден незадоволен пратеник, односно пратеничката Мерита Колчи Коџаџику за која исто така отворено се зборува дека сака да ја напушти пратеничката група на ДУИ.

Со Меџити, Реџепи и Коџаџику се создава група од три пратеника кои би дејствувале независно, но сепак за тоа да се случи, добро упатени извори тврдат дека е потребно да се приклучи уште еден пратеник, а тоа е Скендер Реџепи Зејд со што огнената група во Собранието би имала четири пратеници при што сериозно би се промениле поставеноста и соодносот во пратеничкиот состав.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor