August 19, 2019 10:37
Живот

Ова се вика лош ден на работа: Возач на вилушкар направи еден погрешен потег и се’ се урна

Ова се вика лош ден на работа: Возач на вилушкар направи еден погрешен потег и се’ се урна

На интернет кружи снимка за инцидент што се случил во еден склад. Во само една секунда, возачот на вилушкар, усепа да урне цело огромно складиште.

На снимката која стана вирална се гледа како еден работник во складиште вози виљушкар низ тесен премин меѓу две полици полни со кутии кон двајца работници пред него. Меѓутоа тој само малку сврте лево и затресе една од полиците.

Само еден погрешен потег на возачот на вилушкарот беше доволен сите рафтови натрупани во висина до 10 метри да се урнат како домина.

Истиот момент таа се урна и падна со сите кутии. Тоа покрена верижна реакција, па деловите од таа полица паднаа на вилушкарот и го турнаа до другата полиција, а потоа и таа се распадна и се падна на подот. Кутиите и деловите од полиците го потрупаа и возачот на вилушкарот и уште еден работник.

Потоа на снимката се гледа како и полиците позади исто така се рушат. Не е познато во каква состојба се работниците кои биле затрупани во овој инцидент.

Нови вести

Сите знаете што е вијагра, но погледнете што се случува кога човек ќе земе премногу

24news

Кога ајкула ќе проголта ајкула

24news

Змија зграпчи цела риба: Дали ќе ја врати во вода или ќе ја проголта?

24news