August 18, 2019 11:46
Македонија

„Ова е Голема Албанија“, им порачаа терористите од Диво Насеље на судиите од Апелација

Осудените терористи од Диво Насеље со едноминутно молчење за паднатите соборци ја почнаа седницата на Апелацискиот суд на која се разгледуват нивните жалби од судиите кои ги пречекаа со пцовки и погрдни зборови.

Обвинетите на албански јазик им порачаа на судиите дека „ова е Албанија и дека они се автохтони, а судиите се дојдени во Македонија“.

Барањето на обвинетите беше наместо презентација на тужбите прво судот да им дозволи да ги прочитаат трите страници што, како што кажа обвинетиот Генци Сефа, ги подготвиле сите обвинети заедно. Но групното барање не беше прочитано бидејќи судиите им кажаа да почекаат за да се заведе сè што е потребно во записникот, а обвинетите на тоа одговорија со пцовки и погрдни зборови.

Незадоволни побараа меѓународна истрага и кажаа дека не го признаваат судот, а судијката која ја води јавната седница, им посочи дека нивна волја е дали ќе останат во судница оти присуството не е задолжително. Но обвинетите и ова не го послушаа, туку станаа и почнаа да бараат да бидат изнесени од судницата, која е под силно полициско обезбедување.

Еден од обвинетите ѝ рече: „Ти си таа што не слуша ништо, јас 4 години чекам да ме чуете, 4 години чекам да зборувам и 4 години чекам правда. За нас суд не постои и адвокатите не смеат да зборуваат во наше име.“

По ова судијката рече дека може обвинетите еден по еден да се изнесат надвор од судница со полициска придружба. По ова дваесет и девет обвинети ја напуштија јавната седница, а останаа тројца, односно двајца што добија ослободителна пресуда и обвинетиот Ебип Алии, кој беше осуден на затворска казна од 12 години со првостепената пресуда. .

Денес во Врховниот суд беа присутни сите освен четворица обвинети кои преку своите адвокати доставија изјава дека нема да присуствуваат на рочиштето.

Нови вести

Боки 13 на аудио снимката кога вели дека Заев е во тек и знае се мисли на Мицкоски кој лажно му се претставувал.

Igor

Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да признае дали се гледал со Груевски во Будимпешта?

Igor

На Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Igor