September 22, 2019 09:37
Македонија

Објавен записник од истрагата за „Рекет“, најави за тужби, заложба за завршница…

Објавен записник од истрагата за „Рекет“, најави за тужби, заложба за завршница…

Фотографија од записник со исказ на бизнисменот Јордан Камчев од истрагата за случајот „Рекет“, објавена во дел од порталите кои воедно и го прераскажуваат документот и пишуваат имиња на функционери, предизвикаа реакции со најави за тужби од премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, со негирање на каква било вмешаност во случајот.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, најави дека ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како тие документи се протечени во јавноста и ќе бараат одговорност од сторителите. Порачаа дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница.

Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија, пак, побараа медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби.

– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација, изјави вчера Заев.

Министерката Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша дека нема да бара извинување, туку веднаш ќе поднесе тужба бидејќи, според неа, овие „портали со непотпишани текстови обработуваат за своите ,непознати‘ газди. – Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во „бомбите“ и видовме на дело претходните 10 години. Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари. Не успеаја досега. Нема ни сега!, реагира Шекеринска.

Шефот на дипломатијата Димитров, пак, прво побара повлекување на текстот на порталот „Република“, во спротивно најави тужба.

– Барам веднаш „Република“ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот „Рекет“ и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда, вели Димитров во демантот.

И пратеничката Ременски побара повлекување на текстот, во спротивно ќе се приклучи на тужбата.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како што информираа од Обвинителството, ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот. Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема да ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот. – Оргиналните списи од предметот ги поседува само Обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, рекоа за МИА од Обвинителството.

ОЈО за гонење на организиран криминал во почетокот на неделава ја прошири истрагата за „Рекет“, и покрај двајцата осомничени за случајот, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, од средата во притвор за „Рекет“ е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката

Нови вести

СДСМ: Решени сите проблеми на лозарите

Igor

Јанева и Јовановски на распит за случајот „Рекет”

Igor

Нова група на aмерикански волонтери пристигнува во Северна Македонија

Igor