June 14, 2021 07:00
Економија Македонија

Објавени седум повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор

Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одмаралишта, кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби.

Јавните повици се усвоени на вчерашната владина седница, а се дел од шестиот антикризен пакет, тежок 17,8 милиони евра, со кој се очекува да се поддржат околу 10 илјади компании кои вработуваат околу 60 илјади граѓани.

– За сите овие јавни повици како основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 проценти од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови со пресек на 31.12.2020 година, појасни министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Кај туристичките агенции, износот на средства ќе се движи од 60.000 до 300.000 денари, а ќе зависи од остварениот вкупен приход и бројот на вработени во 2019 година, како и од видот на лиценцата.

Така, за туристичка агенција со Б лиценца која имала вкупни приходи до еден милион денари, грантот ќе биде во износ од 60 илјади денари, а за туристички агенции со вкупен приход од еден милион до 2,5 милиони денари, грантот ќе изнесува 90.000 денари. Туристичките агенции кои имале вкупен приход над 2,5 милиони денари ќе добијат грант од 120 илјади денари.

Кај туристичките агенции со А лиценца, оние кои прикажале вкупни приходи во 2019 година до милион денари, ќе добијат грант од 100 илјади денари, оние кои имале приходи до 2,5 милиони денари, ќе добијат 200 илјади денари, додека оние кои имале приходи над 2,5 милиони денари, ќе добијат грант од 300 илјади денари.

Освен туристичките водичи и естрадните уметници, сите останати компании кои на 31 декември лани имале намален број на вработени во однос на почетокот на годината, ќе треба да вратат 50 проценти од доделената финансиска поддршка. Доколку, пак, го задржале истиот број на вработени, ќе треба да вратат 20 проценти од финансиската поддршка, а ако го зголемиле бројот на вработени, тогаш нема да има потреба да ја враќат добиената финансиска помош.

Во однос на реакцијата на Независната угостителска комора дека со шестиот пакет мерки нема да бидат опфатени сите угостители, Бектеши рече дека нивните барања ќе бидат разгледани. Тој лично не се согласува со оценката дека нема да бидат опфатени најголемиот дел од регистрираните угостителски субјекти.

– Имајќи предвид дека во нашата држава има регистрирано околу 6.000 угостителски субјекти со главна дејност, а веќе имаме над 5.000 апликации, јас не мислам дека условите не се прифатливи за повеќето бидејќи интересот е многу голем, рече Бектеши.

Наскоро се очекува да се најде решение и за фитнес центрите и фотостудијата. Веќе следната недела на владина седница, како што најави генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, се очекува да се најде решение и за овие две дејности.

– Фитнес центрите секако се во план и се надеваме дека на наредната владина седница ќе се објави повик за аплицирање за поддршка. Ќе бидат опфатени и фотостудијата, изјави Зеќири.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 е забележан пад на бројот на странски туристи за дури 84,4 проценти, додека кај домашните туристи падот е 18,3 проценти.

4Anime 4anime hunter hunter: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 17 (https://4anime.biz/m/nBj6/ep-17)

KissAnime kissanime closed: Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 11 (https://kissanimeonline.com/m/bGqR/ep-11)