Македонија

Објавени „бомби“ за Ден Дончев и видео како прима пари

На Јутјуб каналот „Алибаба тредичи“, каде пред неколку дена беа објавени аудио-снимки од разговори во врска со „Рекет“, денеска се појавија нови „бомби“ и видео снимка од поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев као прима пари.

На каналот по објавеното видео се објавеи и три аудио снимки, насловени како и видеото „Лепливите прсти на Ден Дончев“.

На аудио-снимките се слушна како Ден Дончев наводно од адвокатот Филип Медарски  бара да не се испраќа инспекција кај инвеститор кој тој го застапувал.Се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.