January 25, 2021 07:32
Свет

Објавена снимка: Авион Ф-35 ја тестира најновата нуклеарна бомба

Американското воено воздухопловство успешно го заврши тестирањето на новата нуклеарна гравитациска бомба Б61-12.

Таа е прикачена на модел од најмодерниот борбен авион на денешницата, F-35A Joint Strike Fighter.

Иако тестирањето било спроведено на 25 август во Невада, тоа било тајно, а сега е објавена наводна снимка од настанот.

На снимката се гледа како Ф-35А ја исфрла бомбата на надморска височина од 3.200 метри, додека авионот лета побрзо од брзината на звукот.

Бомбата паднала на тлото во пустината односно врз претходно поставена цел, по 42 секунди.

Бомбата Б61-12 е најнова од бомбите од семејството на нуклеарни гравитациски бомби Б61 што американската армија ги поседува од 1968 година.

Станува збор за бомба долга 3,65 метри и тешка 374 килограми, која лесно може да се смести во Ф-35 и да остане незабележлива додека се носи како товар.

Во продолжение погледнете го наводното видео од овој настан:

Watch The Devil is a Part-Timer! (Dub) Episode 8 (https://funimationfree.com/m/2d8B/ep-8) at website https://funimationfree.com funimation ps4

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song (https://animeflix.nl/m/0YKN) Episode Full - Cam at website https://animeflix.nl. See more death note animeflix