April 24, 2019 22:24
Македонија

Објавена ранг листата со кандидати за новиот состав на Антикорупциската комисија

Комисијата за селекција ја објави ранг листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Прворангиран со 100 бодови е кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени е Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67  бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89, 29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86,  Ељуард Муртезани со 73,57…

На ранг листата се објавени бодовите за 56 кандидати кои беа интервјуирани во изминатите денови од Комисијата за селекција, од вкупно пријавените 57 на огласот. Секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 бодови кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.

Предлог листата со кандидати за членови на Антикорупциската комисија утре е на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, по што новиот состав треба да биде усвоен и на пленарна седница.

Согласно со новите ингеренции, Антикорупциската комисија која би била избрана ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

Нови вести

Штабот на Пендаровски: Новинарката Снежана Лупевска не ја говори вистината

Igor

Заев од Прилеп: Сите вие што останавте дома знам дека се ежите од помислата за враќање на режимот на Груевски

Igor

Демократската партија на Турците: Ги осудуваме влијанијата врз функционирањето на ИВЗ

Igor