June 18, 2019 17:20
Македонија

Обука за пожарникари за поефикасно справување со кризни ситуации

Дирекцијата за заштита и спасување со посредство на Холандската амбасада во Скопје, денеска и утре организира обука на пожарникарите од ТППЕ во државата, за користење на хидрауличен алат за спасување од сообраќајни незгоди.

Како што соопштуваат, со оваа обука, се подигнува готовноста на тимовите за брз одговор во Дирекцијата за заштита и спасување и се очекува поефикасно справување со кризни ситуации.

Обуката ќе се одржи денеска и утре во просториите и капацитети на Противпожарната бригада на Град Скопје, на локалитетот во Автокоманда. Обуката ќе ја вршат овластени лица од компанијата ХОЛМАТРО од Холандија. На обуката ќе учествуваат тимови од Ттериторијалните единици на целата држава, а ќе присуствува и првиот човек на ДЗС, Аднан Џафероски

Нови вести

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

Filip

Лајчак за МИА: ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија

Filip

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски да каже зошто има потфрлање на собраните даноци од 50 милиони евра

Igor