January 30, 2023 02:40
Македонија

ОБСЕ Тројката, Османи, Рау и Билстром заедно со ГС Шмид, на средба со Групата Азиски партнери

На маргини на 29-от ОБСЕ министерски состанок, Министрите за надворешни работи на Тројката претседавачи, Северна Македонија, Полска и Шведка, Бујар Османи, Збигњев Рау и Тобиас Билстром и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Мариа Шмид остварија средба со Групата Азиски партнери за соработка на ОБСЕ. 

Соговорниците заедно ја реафирмираа важноста од партнерството и соработката помеѓу Европа и Азија во овие критични времиња и предизвици, по руската инвазија на Украина. 

“Би сакал да ги поздравам напорите на Шведска, како претседавач со Групата на азиски партнери за соработка на ОБСЕ, во оваа особено тешка година, да дизајнира програма која има за цел зајакнат и отворен дијалог, врз база на постоечките односи и синергии меѓу двата континента, во рамките на нашата Организација” рече Османи. 

Османи најави дека за време на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе одржува редовни месечни координации со Азиските партнери, со цел дискусија и размена на мислења за можностите на унапредување на соработката и справувањето со заедничките безбедносни закани и предизвици. 

Османи, воедно истакна дека Северна Македонија ќе ја координира работата на ОБСЕ, имајќи ги предвид и препораките на партнерите.