December 10, 2022 07:08
Свет

ОБСЕ: Изборите во Ерменија беа конкурентни и добро организирани

Предвремените избори во Ерменија, на кои најголем број гласови освои актуелниот премиер Никол Пашинијан беа „конкурентни и добро организирани”, оцени денеска набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка аво Европа (ОБСЕ).

Пребројувањето на гласовите беше многу транспарентно, а изборната кампања беше „демократска”, се наведува во соопштението на ОБСЕ, но исто така се изразува и жалење поради „запаливите зборови на главните кандидати”, што придонесе за „поларизација” на општеството.

Партијата Граѓански договор на Пашинијан победи на вчерашните предвремените парламентарни избори во Ерменија. На изборите учествуваа 21 партија и четири коалиции.

Според ерменската ЦИК, партијата на Пашињан освои 53,92 отсто од гласовите. Втор е блокот на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочаријан со 21,04 отсто гласови. Третото местои припадна на коалицијата „Имам чест” на поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан со 5,23 отсто, но тој мораше да ја надмине бариерата од седум отсто за да влезе во Парламентот. Сепак, ерменскиот изборен закон наложува да има најмалку три партии или коалиции во Парламентот, во тој случај блокот на Саркисјан ќе биде парламентарна партија.