December 1, 2022 19:14
Свет

Обраќањето на Путин доцни час и половина: „Путин го трола целиот свет“

Еден од уредниците на германскиот ТАЗ, Доминик Џонсон, има интересна теорија за најавеното обраќање на рускиот претседател, Владмир Путин што доцни повеќе од час и половина.

„Путин најави обраќање до нацијата, кое не започнува. Очите на светот се насочени кон Москва и никому не му е грижа за Генералното собрание на ООН, на кое на Путин не му беше дозволено да дојде. Трол на највисоко ниво“, објави Џонсон.

Најавеното обраќање на Путин кон нацијата е прво по почетокот на инвазијата.