January 28, 2022 18:50
Магазин

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Голем обожавател на славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред 10 години на своите ќерки-близначки им ги дал имињата Мара и Дона, сега има и син. Тој го добил името Диего.

Валтер Ротундо (39) изјави дека неговата сопруга закажала царски рез на првата годишнина од смртта на фудбалскиот гигант, за да се породи. – Сè мина според планираното, изјави Ротундо за медиумите.

Ротундо вели дека никогаш не го запознал Марадона, но неговиот херој знаел дека обожавателот ги именувал своите ќерки по него.

– Овој ден, кога толку многу луѓе се тажни поради Диего, тажен сум и јас… Но, се чувствувам малку подобро поради раѓањето на мојот син. Сега, во иднина, овој ден пак ќе биде годишнина од смртта на Диего, но ќе биде и роденден на мојот син, вели Ротундо.

Тој раскажа како Марадона, кога се родиле Мара и Дона пред 10 години, добил слика со девојчињата. Марадона одговорил со фотографија на којашто тој ја држи фотографијата. Ротондо бил толку трогнат од потегот, што ја истетовирал вторава слика на својот грб.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime dub 4Anime My Hero Academia

dubbed anime 4Anime Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 1

4Anime JUJUTSU KAISEN (Dub)

anime online 4Anime Bleach