Search

Обновена улицата Антон Димитров во Драчево

Екипите на Град Скопје деновиве ја реконструираа улицата Антон Димитров, во Драчево, која е обновена на должина од 1.200 метри. На терен беа вградени порамнителен и завршен слој од асфалт со површина од околу 10.000 квадратни метри, а беа уредени и тротоари со бекатон-плочки на површина од околу 6.500 квадрати. На улицата е обележана хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Улицата Антон Димитров (поранешната улица Жарко Зрењанин) е прометна сообраќајница која секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. За обновата на оваа делница Градот Скопје одвои околу 19,4 милиони денари.

Реконструкцијата на градските улици и булевари останува приоритет на Градот Скопје, за да се овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, за сите учесници.

Треба да знаете
Последни објави