January 16, 2021 14:58
Скопје

Обновена вертикалната сообраќајна сигнализација на улиците во делот на Т.Ц. Буњаковец

Во Општина Центар одамна немаше воведено нови сообраќајни режими. Тоа е сега променето и во тек е постапка за усогласување на сообраќајните режими. Со овој чекор се започнаа активностите за подобрување на безбедносните мерки во сообраќајот.

Откако заврши поставувањето на подигнатите пешачки платоа, започнавме со обнова на вертикалната сообраќајна сигнализација во зоните на општинските основни училишта и детски градинки во Центар.

Заменети се старите и оштетени сообраќајни знаци на улиците Никола Тримпаре и Апостол Гусларот, во непосредна близина на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември“; и на улицата 9-ти Мај, близу до градинката „Кочо Рацин“ – објект Н.Н. Борче.

Со поставувањето на сообраќајната сигнализација ќе се олесни движењето на граѓаните и возилата, децата безбедно ќе доаѓаат во градинките и училиштата, а значително ќе се подобри степенот на ориентација во овие зони.