December 8, 2022 23:19
Македонија

Облачно со јужен ветер, попладне услови за дожд

Времето во земјава денеска променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во вторник ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.