January 21, 2020 15:35
Македонија

Облачно со дожд, а на планините снег

Времето денеска и утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 3 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а во петок кон крајот на
денот, а во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините од снег.

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивни политики и лажни вести, затоа останува опозиција и по изборите

Igor

Поддршка од Црна Гора за евроинтеграциите на нашата држава

Igor

Арсовски: Сменети девет члена на комисијата за набавки откако е истечена важноста на понудата за пасошите

Igor