June 25, 2022 13:36
Македонија

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Oблачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе преминуваат во снег и ќе се формира помала снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.